Ракометната федерација на Белгија ја извести ЕХФ дека се откажува од квалификациските натпревари за настап на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка. Одлуката е поради лошата ситуацијата со Ковид-19, како и краткиот период за подготовки.
Натпреварите требаше да се играат во текот на месец март и април. Со оваа одлука на Белгија, Србија ќе обезбеди директен пласман бидејќи има најповолна позиција во својата група.

