Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа денеска составот на Татабања со 21:19 и ги прокнижија новите бодови во Европската Лига.
На мечот во Битола победникот практично беше решен во завршницата кога нашиот состав успеа да направи два-три гола предност и да ја задржи до последниот звук на сирената. Кај битолчани, Кушан постигна шест голови додека Мандалиниќ остана на пет. Во редовите на унгарскиот тим се издвои Гјори со шест погодоци.
Утре на истата локација во салата – „Боро Чурлевски“ ќе биде одигран и вториот меч меѓу двата тима. Тој ќе биде од седмото коло а Татабања ќе ја има улогата на домаќин.

