Европската ракометна федерација одлучи да направи промена во правилата за тековнава сезона во Лигата на шампионите откако поради пандемијата со Ковид-19 беа одложени голем број на мечеви.
ЕХФ одлучи сите 16 екипи кои во моментов се поделени во две групи да одат во елиминациите иако според првичниот план требаше од секоја група по шест да одат во наредната фаза. Сега со новата одлука првиот од група А ќе игра со последниот од група Б и обратно, вториот од група А со седмиот од група Б…и така натаму.
Тоа значи дека Вардар ќе треба да се изброи само за што подобар пласман за да добие условно кажано полесен противник во елиминациите.

