Црногорскиот репрезентативен бек во редовите на Вардар, Васко Шеваљевиќ, очекува тежок меч в недела против унгарскиот состав ПИК Сегед во новата рунда во Лигата на ракометните шампиони.
„Вардар мора да оди на победа. Имаме уште два дена да се подготвиме, се работи за одлична екипа која на секоја позиција има по двајца врвни ракометари“ – вели Шеваљевиќ.
„Постои некакво ривалство меѓу Вардар и ПИК Сегед што ќе го направи мечот поинтересен. Ќе одиме на победа и освојување на бодовите како и секогаш“ – потенцираше бекот на „црвено-црните“ пред мечот в недела од 18.00 часот во СЦ Јане Сандански.

