Новиот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список на играчи за квалификациските натпревари со актуелниот светски првак Данска за пласман на Европското првенство следната година.
Во март, Македонија двапати ќе игра против Данска, најнапред на домашен терен, а по неколку дена и во Алборг. Ова ќе биде и деби меч на Кирил Лазаров како селектор-играч на Македонија.
На поширокиот список од 35 имиња го нема искусниот Борко Ристовски кој не беше дел од селекцијата во Египет, а интересно е што се враќа Филип Миркуловски кој слично како Лазаров, ќе има улога на тренер-играч, како и Дејан Манасков кој не играше на СП.
Поширок список на играчи:
Голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Градимир Чаневски, Андреј Петковски
Крила: Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Цветан Кузманоски, Димитар Димитриоски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Мартин Поповски, Томислав Јагуриновски
Кружни напаѓачи: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Михаил Аларов
Бекови: Кристијан Симоновски, Филип Талевски, Филип Кузмановски, Дејан Кукуловски, Емилијан Ѓорѓовски, Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Марио Танкоски, Игор Георгиев, Мартин Ивановски, Томче Стојановски, Никола Цветановски, Марко Карапалевски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Кирил Лазаров.
Што се однесува до стручниот штаб, таму ќе бидат Филип Миркуловски како тренер – играч, Бранислав Ангеловски, Ацо Јоновски и Билјана Црвенковска.

