Пред дуелот со Елверум предводникот на Вардар, Стевче Алушовски вели дека следува една тешка недела со четири меча за „вардарци“, но дуелите со Норвежаните се шанса за победа, особено по несреќните порази до ПИК Сегед.
„Не очекува една пеколна недела. Ќе треба да одиграме 4 натпревари, два од Лигата на шампионите, една од СЕХА лигата и еден од домашниот куп. Ќе одиме меч по меч. Одигравме два меча со Сегед на кои бевме блиску, но не успеавме да победиме. Сега мора да гледаме напред и на мечот со Елверум кој не очекува. Тоа е тим кој не е наивен, не смееме во никој случај да ги потцениме. Гледваме видео, анализиравме каква е нивната одбрана. Тоа е квалитетна одбрана, многу слична на таа скандинавска школа, со многу контакт и густина. Но можеме и знаеме како да нападнеме. По оние два малку и несреќни порази се надевам дека ќе се радуваме. Шансите за успех се многу поголеми отколку на мечевите со Сегед“, вели кормиларот на Вардар.

