Ракометарите на Вардар не се во добра форма, а шанса за поправање на истата имаат денес против екипата на Елверум.
За жал тренерот Стевче Алушовски во битката за нови бодови во Лигата на шампионите нема да може д асмета на најсилниот состав бидејќи ќе му недостасуваат голманот Борко Ристовски и средниот бек Ловро Јотиќ.
„Црвено-црните“ долго време не знаат за победа во ова натпреварување и во моментов се на последната позиција, а шанса да го избегнат последното место треба да им биде Елверум со кого ќе одиграат два натпревари во Скопје. Првиот се игра денес од 16 часот во СЦ „Јане Сандански“ и само победа е во мислите на ракометарите на Вардар. И покрај добрата игра во одредени периоди од натпреварите со ПИК Сегед не им дозволи да се радуваат на бодови, па затоа сега посакуваат да одиграат поквалитетно и констатно без падови во играта во текот на средбата и да дојдат до бодовите од денешниот натпревар.
Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на екипите, што значи дека и двата тренери ќе имаат доста непознаници. Денешната средба е важна за Вардар за враќање на самодовербата и можност да се освои најмалку седмото место во групата. Натпреварот започнува во 16 часот.


