Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, очекува тежок меч со Татран Прешов во 3 коло во регионалната СЕХА лига. Средбата ќе биде одиграна утре во Битола од 17.45 часот.
„Татран Прешов е добро водена екипа од поранешниот хрватски селектор, (Голужа) кој е долго време таму. Имаат добра транзиција и контра напад и многу добар посед на топка.Тоа им го нагласив на моите ракометари“ – вели Бабиќ.
„Ако сакаме да победиме ќе треба да одиграме е агресивна одбрана, посебно во средината и брзо да се враќаме назад“ – изјави Бабиќ пред мечот со шампионот на Словачка.

