ЕХФ денес ги регистрираше сите одложени натпревари, а нашите екипи добија бодови од некои неодиграни средби.
Двократниот европски првак Вардар доби бодови од натпреварите кои не ги одигра во предвидениот термин, еден против Флензбург и два против ПСЖ.
„Црвено-црните“ дојдоа до победа над Флензбург за неодгираниот натпревар во Германија, а добија еден бод и од натпреварот против ПСЖ во Париз кој двапати се одложуваше. Од третиот меч против ПСЖ, Вардар не доби ништо, односно победата му беше доделена на францускиот тим.
Останатите наши екипи Еурофарм Пелистер и Металург добија бодови од одложените средби. ЕХА му додели победа на Еурофарм Пелистер за мечот со Рајн Некар Левен кој требаше да гостува во Битола, а исто така Металург ги доби бодовите од мечот со Тулуз кој требаше да се игра во Македонија.
Еве како изгледа сега табелата во групата А каде што игра Вардар


