Македонскиот ракометен шампион Вардар загуби на последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите од Мешков Брест со 32:36.
Со овој пораз Вардар заврши на 7-то место во групата А и веќе го знае ривалот во осминафиналето на елитното натпреварување.
Вардар одигра лошо прво полувреме во кое гостите дојдоа до убедлива предност од 12:20, а во вториот дел Вардар се обидуваше да ја намали оваа предност и успеа само да дојде до пристоен пораз од 4 гола разлика (32:36).
Перфектен натпревар кај Мешков имаше Валјипау со 12 гола од 12 обиди, пред Скубе со седум и Паниќ со шест, а кај Вардар, Дибиров постигна девет, додека Гаџа седум гола.
Вардар групната фаза ја заврши со три победи (Елверум, Фленсбург и ПСЖ службена), три нерешени (Елверум, Порто и ПСЖ службено) и дури осум порази.
Првите осминафинални средби се играат на 31 март/1 април, додека вторите се на 7/8 април. Првиот меч меѓу Вардар и Веспрем ќе се игра во Скопје, додека вториот во Веспрем.

