Со три меча од првото коло, денеск аи официјално почнува плеј-оф делот од ракометната Суперлига во машка конкуренција. На најуспешните тимови од првата фаза им се приклучуваат Вардар и Еурофарм Пелистер, кои оваа сезона настапуваат на три фронта.
Во премиерното коло попладнево, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го има отворањето на домашен терен против екипата на Струга, а по овој меч следуваат и преместките меѓу Тинекс Пролет и Металург, односно дербито на стартот меѓу Бутел и Охрид.
Вечерва се игра и еден меч од плеј-аут делот. Екипата на Прилеп го пречекува Голден Арт КЛ7.
РАКОМЕТ, СУПЕРЛИГА 1. коло
ПЛЕЈ-ОФ
17.00 Еурофарм П. – Струга
18.30 Т. Пролет – Металург
19.00 Бутел – Охрид
ПЛЕЈ-АУТ
19.00 Прилеп – Голден Арт КЛ7

