Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Миркуловски: „Одигравме перфектен натпревар, сакам така да играме и во Данска“
    Ракомет

    Миркуловски: „Одигравме перфектен натпревар, сакам така да играме и во Данска“

    risteBy riste12/03/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Повратникот во нашата ракометна репрезентација Филип Миркуловски имаше значајна улога на вчерашниот историскиот натпревар на Македонија против Данска.

    Оваа победа не само што беше сензационална и оддекна во Европа тују им дава дополнителна самодоверба на нашите ракометари. Нема многу време за одмор , сега следува нов меч со Данска, но овојпат на гостински терен во Алборг.

    „Можеби не планиравме да се пласираме на ЕП после овој меч со Данска, но сепак се случи тоа чудо, го победивме светскиот и олимписки првак. За мене лично, одамна немам победено репрезентација од Топ 3 во светот, па затоа ми беше многу мило што ја совладавме Данска. Одигравме одлично, тактички бевме добро подготвени, сите си ја знаеја својата работа, само треба да продолжиме во овој ритам и со оваа посветеност и да бележиме нови победи“, вели Миркуловски.

    „Ние сме тука да им помогнеме на помладите, тие во иднина треба да ја преземат лидерската улога: Талевски, Велковски и Кузмановски како бековска тројка. Одиграа зрело, ние им помагавме и се функционираше одлично. Одигравме перфектно, ги затворивме сите приоди, потоа на Данска и беше тешко да фати ритам. Ние го диктиравме темпото и го добивме мечот. Што се однесува за мечот во Данска, сакаме да се покажеме во добро светло. Да покажеме одлична игра како и во Скопје, младите да одиграат на високо ниво, па ако ни се пружи шанса зошто да не победиме. Можеби на оваа средба нема да имам толку голема минутажа, но најважно е да играме добро“, изјави Миркуловски пред денешниот последен тренинг.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.