Македонската ракометна репрезентација попладнево во 16 часот заминува за Алборг, Данска каде утре од 16 часот треба да го одигра вториот натпревар против селекцијата на Данска во рамките на квалификациите за ЕП 2022 година.
Нашата репрезентација во четвртокот направи сензација и со одлична игра го совлада актуелниот светски и олимписки шампион со 33:29, а со тоа практично е пред вратите на ЕП кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија во јануари 2022 година.
Селекторот и воедно капитен на нашата репрезентација Кире Лазаров за вториот дуел со Данска мора да направи измени во составот, поради повреда отпадна Стојанче Стоилов , а на негово место во тимот ќе биде Михаил Аларов. Нашата репрезентација се враќа во Скопје во недела веднаш по натпреварот со Данска односно околу 23 часот.

