Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Медиумите во Италија го советуваат Милан да го задржи Кесие
    Фудбал

    Медиумите во Италија го советуваат Милан да го задржи Кесие

    risteBy riste13/03/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Водечките италијански дневни весници „Газета дело Спорт“ и „Тутоспорт“ на своите насловни страници денес даваат бесплатен совет до управата на Милан – „Милан, заклучете го Кесие!“

    Медиумите се повикуваат на договорот играчот о Брегот на Слоновата Коска кој е до летото 2022 година, како и зголемениот интерес за него по серијата одлични настапи во средниот ред на „росонерите“. Прашањето за можни понуди до него стана особено актуелно по неговиот одличен натпревар против Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа, по што (очекувано) англиските изданија веќе се натпреваруваат да му препишат нов клуб кој е заинтересиран за него.

    Сепак, Милан има поитни преговори за нови договори со нови играчи, бидејќи Џанлуиџи Донарума и Хакан Чалханоглу се практично слободни да договорат нови тимови затоа што ќе бидат слободни агенти во јули. Раководството на „росонерите“ со месеци разговараше за нови договори со нивните агенти, но сеуште нема договори.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.