Битолски Еурофарм Пелистер попладнево во Шабац ги продолжува настапите во СЕХА лигата. Битолчани се гости на Металопластика во обид да забележат нова победа. Во тимот се враќа Дејан Кукуловски, кој се повреди против ГОГ Гудме и не играше на последните три натпревари за пелистерци.
„Добро се чувствувам, се враќам од повредата. Малку поспоро одеше враќањето, но не е нешто сериозно и ќе бидам спремен за следните натпревари. Немавме многу време да се спремаме за Металопластика, но одиме во Шабац по победа. Нема да биде лесно, Металопластика е одлична екипа, но се спремаме колку што имаме време и тоа е тоа. Добро сме спремни, се враќаме во ритам, се враќаат репрезентативците. Ние играме на секој натпревар на победа, па што биде нека биде“, вели Кукуловски.
Дуелот со Металопластика почнува од 17 часот.

