Екипата на Вардар забележа победа на натпревар од СЕХА-лигата откако на домашен терен беше подобар протвник од Мотор Запорожје со 32:27.
За разлика од претходните неколку средби, на денешниот натпревар Вардар одигра подобро во одбраната и не прими повеќе од 30 гола, а со тоа успеа да го совлада својот противник. Средбата почна изедначено, но вардар дојде до предност која константно ја зголемуваше за на одмор д азамине со предност од 18:13. Во вториот дел Вардар беше тимот кој ја имаше контролата над играта и резултатот, а гостите на двапати беа во негатива од три гола разлика, за во финишот Варадр има и предност од 6 гола разлика (29:23).
Најдобар стрелец кај Вардар беше Гаџа со осум гола, крилата Дибиров и Георгиевски имаа по шест, а Стоилов постигна четири. Голмани Борко Ристовски и Марко Кизиќ имаа по четири одбрани. Следниот натпревар за Вардар во СЕХА-лигата е на гостински терен кај Војводина во Нови Сад, а тоа ќе биде и последниот од групната фаза.

