Најголемата легенда на светската кошарка, Мајкл Џордан, ќе има чест да одржи говор по повод влегувањето на Коби Брајант во – „Куќата на славните“ на НБА.
Церемонијата во која покрај Брајант ќе бидат запишани и имињата на Тим Данкан и Кевин Гарнет ќе се одржи на 15 мај. Брајант кој многумина го гледаат како еден од најголемите играчи на сите времиња и еден вид наследник на Џордан , ќе биде примен постхумно во Куќата на славните.
Петкратниот шампион во НБА-лигата загина трагично на 41-годишна возраст во хеликоптерска несреќа во изминатиот јануари заедно со уште осумина меѓу кои и неговата ќерка.

