Бројот на позитивни тестови на Ковид-19 во турскиот кошаркарски гигант, Фенербахче, се искачи на седум. Поради тоа вчера беше одложено дербито со Анадолу Ефес во турскиот шампионат, а засега останува неизвесно дали ќе се одигра и нивниот прв меч од плеј-офот во Евролигата.
Фенербахче на 21 април го игра првиот натпревар од плеј-офот во Евролигата во Москва против ЦСКА, но засега не се знае дали ќе има доволен број на здрави кошаркари за настап.

