Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразена на првиот натпревар од баражот за пласман на СП во Шпанија.
Нашата селекција беше совладана од домашната репрезентација на Романија со убедливи 33:22 и со тоа впрочем ги загуби шанисте за пласман на СП во Шпанија кое ќе се одржи на крајот од оваа година. Македонија и парираше на Романија саммо во првите 15 минути кога резултатот беше 5:4, а потоа со серија од 7:0, Романија додје до предност од 12:4 и најави убедлива победа над Македонија. На крајот на првиот дел Македонија успеа д анамали на 15:11 и со тој резултат се замина на одмор, но во второто полувреме повторно Романија ја превзеде играта во свои раце и дојде до убедлива предност од 11 голови разлика, односно конечни 33:22.
Најдобра кај Романија беше очекувано Неагу со 11 постигнати гола од 15 обиди, пред Динка со пет и Моиса со четири, додека кај Македонија, Ристовска постигна осум, а Јанеска и Стојковска постигнаа по пет гола.
Реваншот од овој бараж за СП 2021 ќе се игра на 21 април во Скопје.

