Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Македонија доби нов селектор на кошаркарската репрезентација
    Кошарка

    Македонија доби нов селектор на кошаркарската репрезентација

    risteBy riste19/04/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    КФСМ денес на прес-конференција го промовираше новиот селектор на кошаркарската репрезентација Драган Бајиќ кој ќе ја предводи машката кошаркарска репрезентација, а доаѓа на местото на Александар Тодоров на кого раководството на КФСМ не му понуди нова соработка, откако имаше неуспешните квалификации за ЕП.

    Драган Бајиќ е петтиот странец, кој седнува на клупата на нашиот национален тим, а ќе има за задача да ги мине претквалификации за СП, а потоа и да ја врати Македонија на ЕП, каде последен пат игравме во 2015 година.

    Новиот селектор на кошаркарската репрезентација во моментов е тренер на Игокеа, со која оваа сезона во АБА-лига се најпријатно изненадување.

    Спортскиот директoр, Тодор Гечевски најави дека Драган Бајиќ доби четиригодишен договор, а самиот селектор искажа задоволство од понудената доверба.

    „Благодарност за довербата, за секој тренер е задоволство да биде селектор на една земја. Среќен сум што ќе бидам селектор на Македонија. Дојдов со голема енергија, да направам добра работа. Ми рекоа четири години, но јас сакам да останам десет години. Рано е да зборувам за што како. Сите играчи ќе добијат шанса да играат, ќе се обидеме од секој да извлечам најдоброто. Се надевам на добра соработка, на репрезентацијата гледам како на семејство, мора сите да бидеме како едно, тоа е патот до успехот“, изјави на промоцијата Бајиќ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.