Точно напладне, Кошаркарите на МЗТ Скопје А. почнуваат со финалната рунда од настапите во АБА 2 лигата. Плеј-оф фазата од регионалното натпреварување за нашиот преставник почнува со четврфиналната пресметка против екипата на Младост Земун, тим кој регуларниот дел од сезоната го заврши на 4. место.
Четвртфиналето и полуфиналето од АБА 2 се играат оваа недела во Подгорица, а финалната серија е од 4 до 6 мај во истиот град. Вториот меч меѓу МЗТ Скопје А. и Младост ќе се одигра во четврток, по што ќе се знае и натамошниот настап на „штрковите“ во битката за влез во АБА лигата следната сезона.
Инаку, подобриот од овој двомеч, во полуфиналето ќе игра против победникот од четврфиналето меѓу Студентски Центар и Слобода Ужице.

