Ракометарите на Вардар 1961 денеска патуваат за Нови Сад, каде утре ќе го одиграат мечот со Војводина во СЕХА лигата. Во тимот поради репрезентативни обврски нема да бидат: Марко Кизиќ, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Филип Талески, Марко Мишевски, Анте Гаџа, Васко Шеваљевиќ, Иван Чупиќ и Патрик Валчак. Поради повреди за Нови Сад не отпатуваа ниту Борко Ристовски и Димитар Димитриоски.
Во тимот се приклучени шестмина кадети од тимот предводен од Зоран Петковски. Станува збор за голманот Никола Спасовски (17/181/78), левиот бек Никола Анакиевски (18/92/192), средниот бек Виктор Трифуновски (18/85/88), левото крило Марио Стојановски (17/80/183), пивотот Александар Стојменов (17/85/181) и десното крило Матеј Трајановски (17/80/180).
Средбата со Војводина треба да се игра утре во 17 часот.

