Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Фаворитите за европската круна во прва полуфинална битка во ЛШ
    Фудбал

    Фаворитите за европската круна во прва полуфинална битка во ЛШ

    sasoBy saso28/04/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва е втората полуфинална пресметка во Лигата на шампионите, прва меѓу ПСЖ и Манчестер Сити. Многумина го дефинираат овој натпревар како финале пред финалето и интересот за него е огромен. И двата тима потрошија стотици милиони во последните години за да триумфираат на овој турнир, но досега не успеаја да ја постигнат својата голема цел. Оваа сезона се чини дека нивните шанси се доста големи, особено што и двата тима се сметаат за главни фаворити за европската круна.

    Сепак, соништата за единствена круна во Лигата на шампионите ќе бидат изгаснати за еден од двата големи фаворити во најсилното европско клупско натпреварување по нивниот двомеч во полуфиналната рунда. И двата тима во денешниот прв полуфинален меч влегуваат по успешните домашни настапи од викендот зад нас. Сити ја освои круната во Лига Купот на Англија победувајќи го во финалето Тотенхем, додека ПСЖ ја продолжи победничката нзиа во Лига 1 со тиумфот над Мец од 3:1.

    Покетино викендов беше принуден да го повлече Мбапе од теренот против Мец поради повреда, но за 22-годишниот голгетер на парижани повреда не е сериозна и тој ќе очекува да се најде во составот за денешниот меч. Кејлор Навас и Марко Верати исто така направија навремено враќање од повредите и двајцата треба да бидат во стартните 11 за Покетино.

    Во Манчестер Сити практично и да нема проблеми со повреди и суспензии. Џон Стоунс ќе се врати во тимот откако беше под суспензија во Лига Купот на Англија, и најверојатно ќе му биде партнер на Рубен Диаз во одбраната. Родри треба да го замени ветеранот Фернандињо во средниот ред. Агуеро веројатно нема да се врати на теренот во стартниот тим, а на клупата ќе почне и Габриел Жезус.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.