Вечерва е втората полуфинална пресметка во Лигата на шампионите, прва меѓу ПСЖ и Манчестер Сити. Многумина го дефинираат овој натпревар како финале пред финалето и интересот за него е огромен. И двата тима потрошија стотици милиони во последните години за да триумфираат на овој турнир, но досега не успеаја да ја постигнат својата голема цел. Оваа сезона се чини дека нивните шанси се доста големи, особено што и двата тима се сметаат за главни фаворити за европската круна.
Сепак, соништата за единствена круна во Лигата на шампионите ќе бидат изгаснати за еден од двата големи фаворити во најсилното европско клупско натпреварување по нивниот двомеч во полуфиналната рунда. И двата тима во денешниот прв полуфинален меч влегуваат по успешните домашни настапи од викендот зад нас. Сити ја освои круната во Лига Купот на Англија победувајќи го во финалето Тотенхем, додека ПСЖ ја продолжи победничката нзиа во Лига 1 со тиумфот над Мец од 3:1.
Покетино викендов беше принуден да го повлече Мбапе од теренот против Мец поради повреда, но за 22-годишниот голгетер на парижани повреда не е сериозна и тој ќе очекува да се најде во составот за денешниот меч. Кејлор Навас и Марко Верати исто така направија навремено враќање од повредите и двајцата треба да бидат во стартните 11 за Покетино.
Во Манчестер Сити практично и да нема проблеми со повреди и суспензии. Џон Стоунс ќе се врати во тимот откако беше под суспензија во Лига Купот на Англија, и најверојатно ќе му биде партнер на Рубен Диаз во одбраната. Родри треба да го замени ветеранот Фернандињо во средниот ред. Агуеро веројатно нема да се врати на теренот во стартниот тим, а на клупата ќе почне и Габриел Жезус.

