Ракометарите на Еурофарм пелистер целосно ја оправдаа улогата на гаворит во полуфиналниот натпревар против Бутел во Купот на Макеоднија и обезбедија пласман во финалето.
Еурофарм Пелистер од почеток до крај доминираше на средбата против Бутел и уште во првиот дел ги реши дилемите за пласман во финалето откако на одмор змаина со резултат 16:9. Во вториот дел Еурофарм Пелистер само ја зголемиуваше предноста која на крајот изнесуваше +15 гола, односно 38:23.
Најефикасен во тимот на Бутел беше Младеновски со четири погодоци, додека кај Еурофарм Пелистер се истакнаа Маџовски со седум и Мандалиниќ и Периќ со по шест гола.
Финалето меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се игра в сабота од 17:30 часот во салата Автокомада.

