Ракометарите на Вардар и на Еурофарм Пелистер, денеска (17.30 ч.), во салата „Автокоманда“ во Скопје, ќе се сретнат во 28-то финале на Купот на Македонија.
„Вардарци“ вечерва ќе играат за 14-та, додека, пак, Еурофарм Пелистер ќе се обиде да стигне до шестата куп-титула. Последен пат во финалето на Купот на Македонија, Вардар и Еурофарм Пелистер играа во 2017 година, кога „вардарци“ со победа од 31-26 стигнаа до својот 12-ти трофеј.
Својата петта последна куп-титула битолчани, пак, ја освоија во 2005 година, кога во финалето беа подобри од Металург, со 28-25.

