Ракометарите на Вардар ја пополнија богатат ризница и со 14-от пехар од Купот откако денеска во финалето го совладаа составот на Еурофарм Пелистер со 26 спрема 24.
Во финалето во салата – „Автокоманда“ во Скопје, во крајно интересен финиш кога се решаваше победникот, „црвено-црните“ со головите на Дибиров и Чупиќ успеаја да ја задржат предноста и да се израдуваат на првиот сезонски трофеј. Во победничкиот тим се издвои Дисингер со шест голови додека кај битолчани Периќ постигна 9 голови.
Претходно во женското финале на Купот, екипата на Куманово славеше против Вардар со 26 спрема 18. За најдобар голман беше избрана Андреа Илиќ додека за најкорисен играч (МВП), ракометарката на ЖРК Куманово, Ангела Јанкуловска која воедно беше и најдобар стрелец на Ф4 турнирот.
