Работнички и МЗТ Скопје по пауза од три години ќе се сретнат во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија – кој од неодамна го носи името на великанот – „Благоја Георгиевски-Буштур“.
Тимот од Градски парк и популарните „штркови“ досега се сретнале 6 пати во завршницата а ефектот е 3:3. Работнички е најтрофејниот состав со 10 пехари додека МЗТ Скопје има еден помалку.
Вечното кошаркарско дерби на градските ривали ќе започне во 17:30 часот во СРЦ Кале во Скопје.

