МЗТ Скопје е победник на кошаркарскиот Куп на Македонија кој за прв пат го носи името „Благоја Георгиевски – Буштур“ по прославениот кошаркар кој почина минатата година.
МЗТ Скопје во финалето го совлада своијот голем ривал Работнички со 77:69, во натпревар со многу добри потези, на моменти премногу нервоза, но сепак на крајот со заслужена победа на екипата која имаше поголем ростер и успеа да го реши натпреварот во клучните моменти кога се кршеше резултатот на некојаминута пред крајот.
За МЗТ Скопје ова е јубилеен десетти трофеј во Купот, или прв по 2018 година кога во финалето во Гевгелија славеше токму над истиот ривал.
Најдобар кај МЗТ Скопје беше Стојановски со 19 поени, пред Крстевски со 16 и Гравет и Олуџоби со по 13 поени. Кај Работнички, Аска постигна 20, додека Питс запиша 13, а Мулалиќ 11 поени.

