По стартната убедлива победа над Кипар, вечерва од 20 часот во спортската сала „парк“ во Струмица, македонската одбојкарска репрезентација ќе го одигра вториот натпревар од првата фаза на Сребрената европската Лига.
Вториот противник на Македонија ќе биде селекцијата на Израел, која вчера имаше тежок натпревар против Данска, во кој иако двапати водеа, на крајот загубија со 3:2.
За разлика од Израел, Македонија вчера имаше убедлива победа во три сета против Кипар и многу помалку се „потрошија“ нашите одбојкари во однос на пртивниците. Сепак во таборот на нашата репрезентација не планираат никакви калкулации и опуштање, напротив сакаат уште една победа во ова натпреварување.
Македонија и Израел досега имаат одиграно два меча во Европската лига и тоа во 2015 година, кога двапати успеавме да ги победиме со 3:0. Пред оваа средба денес во Струмица ќе се игра и средбата од а 2. коло во нашата група, од 17 часот играат Данска и Кипар.

