Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ангеловски: „Добро се подготвуваме, сакаме секогаш да победиме па така ќе биде и утре“
    Фудбал

    Ангеловски: „Добро се подготвуваме, сакаме секогаш да победиме па така ќе биде и утре“

    risteBy riste31/05/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Репрезентацијата на Македонија се подготвува за настап на Европското првенство (ЕП), а во рамките на овие подготовки ќе одигра два тест дуели. Првиот контролен натпревар го играме против Словенија утре во Скопје од 18 часот.

    Пред овој натпревар, на прес-конференцијата зборуваше селекторот Игор Ангеловски кој истакна дека екипата е мотивирана и ќе даде сè од себе и на овие тест натпревари. 

    „Барди се чувствува добро, нема симптоми. Го очекуваме негативниот тест и да се приклучи на тимот. Се надевам тоа ќе биде во наредните денови. Момците работат одлично, како и секогаш досега. Македонија секогаш и во минатото тестирала со учесници на СП и ЕП. Ова се први подготовки за Македонија пред едно ЕП, а Словенија е квалитетна и ќе биде одличен спаринг партнер. Одигравме два натпревари со нив и очекувам добар натпревар. Како што ги следиме ние, така не следат и противниците нас. Многу добро ме познавате, долго сме заедно и имаме разработено неколку формации. Во зависност од противникот ќе одлучиме со која формација ќе играме. 

    Се радуваме сите што ќе има навивачи на трибините, сепак фудбалот се игра за навивачите. Чувствуваме позитивна трема, очекуваме да се наполни максимум колку што е дозволено. Очекуваме утре нашите фанови да ни ја дадат целата поддршка која не можеа да ја пружат во изминатиот период. Овие момци заслужија и очекувам добра атмосфера утре. Овие два натпревари ќе ги искористиме како подготовка. Сепак, јас не сум тренер што сака премногу да експериментира. Ќе ги искористиме натпреварите, а сите се спремни да дадат максимум. Сè што се игра, се игра за победа, па така ќе биде и утре“, изјави селекторот Ангеловски. 

    Натпреварот Македонија – Словенија на Националната арената „Тодор Проески“ е закажан за утре со почеток од 18:00 часот. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.