Ракометарите на Вардар лесно и со убедливи 39:27 го совладаа Металург во последното коло од Суперлигата и ја потврдија 14. ракометна титула на домашната сцена. Избраниците на Стевче Алушовски не дозволија изненадување, иако во Битола Еурофарм Пелистер убедливо го совлада Охрид со 30.14 и се надеваше на чудо.
Валчак со пет гола беше прв стрелец, по четири имаа Георгиевски, Талески и Дибиров. Калуѓеровиќ со 9 гола беше најдобар на терен.

