Европската ракометна федерација го одреди најкорисниот тим за сезоната 2020/21 во рамките на Лигата на шампионите. Така наречениот „фајнал-фор“ турнир во Келн започнува утре а ЕХФ ги издвои најдбрите.
Голман: Никлас Ландин (Кил)
Крила: Абељо Гомес (Барселона), Валеро Ривера (Нант)
Кружен напаѓач: Лудовик Фабрегас (Барселона)
Бекови: Дика Мем (Барселона), Лука Циндриќ (Барселона), Микел Хансен (ПСЖ)
Најдобар тренер: Алберто Ентрериос (Нант)
Најдобар дефанзивец: Хенрик Молгард (Алборг)
Најдобар млад играч: Дилан Нахи (ПСЖ)
Во арената во Келн утре во полу-финалето од 15.15 ПСЖ ќе игра со Алборг додека од 18.00 Барселона ќе игра со Нант за кој настапува нашиот капитен-селектор, Кире Лазаров.

