Ракометната Б-репрезентација на Македонија денеска во Ниш ќе го одигра првиот од двата пријателски натпревари против Србија. Селекторот Кирил Лазаров не повика ниту еден од повозрасните репрезентативци за овој двомеч, туку ќе ги проба младите сили во репрезентацијата.
Првиот од двата тестови во салата „Чаир“ќе се одигра со почеток од 17 часот, а вториот дуел е закажан за утре од 19 часот.

