Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ од денеска и официјално е нов кошаркар на шпанска Валеснија. Клубот го потврди трансферот кој беше познат и од поодамна.
Димитријевиќ во наредните 4 години ќе го носи дресот на Валенсија, откако оваа сезона ја заврши во Хувентуд играјќи одлична сезона со 10,6 поени, 1,5 скока и 3, 6 асистенции во шпанското првенство, и со одлична статистика во Евро Купот каде во просек имаше 12,9 поени, 1,6 скока, 3,6 асистенции.

