Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Брендот „КЛ7“ ќе функционира и понатаму, на клубот му посакувам успеси“
    Ракомет

    Лазаров: „Брендот „КЛ7“ ќе функционира и понатаму, на клубот му посакувам успеси“

    risteBy riste30/06/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По вчера одржаната прес-конференција на која официјално беше објавено дека брендот КЛ7 повеќе нема да биде дел од РК Голден Арт, со соопштение за јавноста денес се огласи најдобриот македонски ракометар и воедно селектор на нашата репрезентација, Кирил Лазаров.

    Лазаров ги објасни своите причини за разделбата, најави уште подобри денови за брендот и им посака среќа на сите инволвирани во проектот РК Голден Арт.

    „Во својство на единствен сопственик и идеен творец на брендот „КЛ7“, би сакал да ја известам македонската ракометна и спортска јавност дека истиот е во процес на редефинирање на стратегијата за натамошен развој и повеќе не е дел од групацијата „Голден Арт“, „Рехау“ и др. Во оваа прилика, би сакал да се заблагодарам на клубот за досегашната соработка и да им посакам многу успех и уште многу општествено одговорни проекти во иднина. За натамошна комуникација на сите идни ракометни активности поврзани со брендот „КЛ7“ ќе ја користам единствено оваа платформа. 

    Брендот „КЛ7“ лично го градам повеќе од 25 години единствено преку сопственото знаење, способности и искуство и сметам дека го издигнав на високо ниво во меѓународни рамки гордо, претставувајќи го македонскиот ракомет на светските арени. Благодарение на овој мој бренд, многу деца во државава се мотивираа да започнат да се занимаваат со ракомет. Ако барем една третина од илјадниците дечиња кои до сега учествувале на „КЛ7“ ракометните кампови, сум успеал да ги оттргнам од пороците на денешницата и да ги насочам кон здрав физички и ментален развој, се сметам себеси за среќен човек. Тоа е мојот главен мотив за иден уште поквалитетен ангажман во ракометот. 

    Државата Македонија во мене вложи многу верба во спортски рамки, а јас со моето искуство стекнато во изминативе две децении интернационална спортска кариера, ќе настојувам да го вратам дома“, се вели во соопштението објавено од Кирил Лазаров.

    РК Голден Арт според постигнатите резултати следната сезона ќе се натпреварува во Првата лига, бидејќи не успеа да го задржи статусот на член на Суперлигата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.