Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Селекторот Драган Бајиќ почна со селектирање од младите кошаркарски надежи
    Кошарка

    Селекторот Драган Бајиќ почна со селектирање од младите кошаркарски надежи

    risteBy riste10/07/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската кошаркарска репрезентација предпладнево го одржа првиот официјален тренинг на чело со новиот селектор Драган Бајиќ. Со ова стартуваа подготовките во пресрет на претквалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство. Во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ селекторот Драган Бајиќ најнапред ги собра младите кошаркарски надежи кои се потенцијални репрезентативци.

    На првиот собир селекторот Бајиќ викендов ќе направи селекција од 17 кошаркарски надежи.

    На денешниот прв собир тренираа Максим Митевски, Димитар Иванов, Андреј Андоновски, Леонид Тодоровски, Лејсон Зекири од МЗТ Скопје Уни Банка, Виктор Ефремовски (Работнички), Валмир Какруки (Навико Академија ФМП), Андреј Настовски (Црн Дрим), Андреј Митревски (ТФТ), Иван Волкановски (Куманово 2009), Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија), Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија).

    Со тимот исто така беа и Лука Савиќевиќ, Андреј Јакимовски и Стојан Ѓуроски кои во моментов ги санираат своите повреди.

    Македонија ќе биде домаќин на претквалификацискиот турнир за пласман во квалификациите за Светскиот Куп, кој од 12. до 18. август ќе се одржи во Скопје.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.