Австралија ја победи селекцијата на САД во пријателски меч во Лас Вегас и направи нов немир воа мериканскиот Дрим Тим. „Кенгурите“ славеа со 91:83, со што му го нанесоа и вториот пораз за само три дена на главниот конкурент за златото на ЛОИ во Токио.
Австралија практично губеше цел натпревар, но направи пресврт во последните пет минути, најмногу благодарение на Пети Милс кој заврши со 22 поени и Џо Инглс со 17.
Кај САД најдобри беа Демијан Лилард со 22 и Кевин Дурент со 17 поени. Следната проверка на САД е во среда против Аргентина.

