Словенија направи уште едно големо изненадување на олимпискиот кошаркарски турнир, откако во последното коло од групата „Ц“ ја совлада Шпанија со 95:87.
Лука Дончиќ имаше 12 поени, 14 скока и 9 асистенции, а Мајк Тоби беше фантастичен во продолжението со 16 поени и 14 скока.
Шпанците сега завршија како втори и ќе бидат во групата на неносители на ждрепката за четврфиналето каде имаат реални шанси да се сретнат и со првиот фаворит САД.