Македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација утре во Минхен ќе ги добие противничките во квалификациите за ЕП 2023.
Македонија е една од 38 селекции кои се пријавени во овој квалификациски циклус. Согласно со рејтингот на ФИБА, Македонија на ждрепката ќе се најде во осмиот „шешир“ заедно со Финска, Исланд и Албанија.
Со оглед на бројот на пријавени селекции, натпреварувањето, односно квалификациите за пласман на наредниот женски Евробаскет во 2023 година, ќе се одвива во десет натпреварувачки групи.
Осум од нив ќе бидат составени од по четири учесници, а две со по три репрезентации.

