Француските ракометари, Кевин и Оливие Њокас, официјално го облекоа дресот на нашиот шампион Вардар 1961.
Тие пред сезоната дојдоа во Металург, но, таа соработка кратко траеше по што бековите се преселија во СЦ „Јане Сандански“. Двајцата од денеска ќе му бидат на располагање на тренерот Веселин Вујовиќ и тоа пред стартот на новата сезона во ЛШ.
Оливие треба да ја засили десната бековска позиција додека неговиот брат игра како лев бек.

