Македонското репрезентативно крило, Дејан Манасков, се здобил со сериозна повреда на еден од последните настапи за екипата на Веспрем. Како што објавија од клубот, тестовите извршени вчера го потврдија она од што лекарите и стравуваа. Манасков има скинати предни вкрстени лигаменти, плус повреда на страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата, па во следниот период го чека операција и долга пауза.
Засега нема се уште термин за операција, но еден од клучните ракометари на Веспрем и нашата репрезентација според видот на повредата го чека најмалку 6 месечна пауза од терените.