По поразот од Рајо Ваљекано, следуваше брза реакција на раководството на Барселона и отказ за тренерот Роналд Куман. Во итниот состанок на челниците на Барселона, било утврдено е дека Холанѓанецот не може да ја подобри ситуацијата на клубот од „Камп Ноу“, и веднаш доби отказ.
Веста беше потврдена од претседателот Жоан Лапорта, а клубот ја објави преку социјалните медиуми. Поразот од Рајо Ваљекано со 1:0 е трет неуспех на последните четири натпревари во Примера, а тоа значи дека Барселона го гиби приклучокот со челните екипи на табелата, по само единаесет одиграни натпревари. Куман заминува со еден освоен Куп на Кралот и 77 натпревари на клупата на Барселона.
Интересно е тоа што Роналд Куман доби отказ на 27 октомври, истиот ден на кој минатата година оставка поднесе претседателот кој го доведе на „Камп Ноу“, Јозеп Марија Бартомеу. Каталонските медиуми веќе објавија дека има тројца кандидати кои до крајот на неделата треба да дадат одговор дали ќе седнат на клупата на Барселона: Чави Хернандез кој работи во Катар, Тренерот на Ривер Плата, Марсело Гаљардо и Серхи Бархуан – актуелен тренерот на младинската екипа на Барселона.