Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Роналд Куман доби отказ од Барселона по поразот од Рајо Ваљекано
    Фудбал

    Роналд Куман доби отказ од Барселона по поразот од Рајо Ваљекано

    risteBy riste28/10/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По поразот од Рајо Ваљекано, следуваше брза реакција на раководството на Барселона и отказ за тренерот Роналд Куман. Во итниот состанок на челниците на Барселона, било утврдено е дека Холанѓанецот не може да ја подобри ситуацијата на клубот од „Камп Ноу“, и веднаш доби отказ.

    Веста беше потврдена од претседателот Жоан Лапорта, а клубот ја објави преку социјалните медиуми. Поразот од Рајо Ваљекано со 1:0 е трет неуспех на последните четири натпревари во Примера, а тоа значи дека Барселона го гиби приклучокот со челните екипи на табелата, по само единаесет одиграни натпревари. Куман заминува со еден освоен Куп на Кралот и 77 натпревари на клупата на Барселона.

    Интересно е тоа што Роналд Куман доби отказ на 27 октомври, истиот ден на кој минатата година оставка поднесе претседателот кој го доведе на „Камп Ноу“, Јозеп Марија Бартомеу. Каталонските медиуми веќе објавија дека има тројца кандидати кои до крајот на неделата треба да дадат одговор дали ќе седнат на клупата на Барселона: Чави Хернандез кој работи во Катар, Тренерот на Ривер Плата, Марсело Гаљардо и Серхи Бархуан – актуелен тренерот на младинската екипа на Барселона.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.