Вечерва во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра уште едно големо дерби на македонската кошаркарска сцена. На едната страна од теренот ќе се појави бранителот на титулата, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, а на другата, вечниот опонент – Работнички.
По вкупно 157. пат во историјата ќе треба да одлучат, која од нив е подобрата во овој момент. Историјата вели дека Работнички има 91, а МЗТ Скопје Аеродром 65 победи во овие пресметки.

