Македонската ракометна репрезентација денеска и утре ќе одигра две контролни средби со селекцијата на Египет.
Селекторот, Кирил Лазаров, за мечот со полуфиналистот од последните Олимписки игри во Токио, нема да ги користи услугите на Стојанче Стоилов, Градимир Чаневски, Петар Атанасијевиќ и Томислав Јагуриновски. Во селекцијата се дебитантите: Кристијан Симоноски, Марко Митев и Павле Атанасијевиќ.
Двата меча со африканскиот шампион се дел од подготовките за Европско првенство што ќе се реализира во јануари во 2022 година.

