Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барди: „Мораме да играме како тим за да дојдеме до победа“
    Фудбал

    Барди: „Мораме да играме како тим за да дојдеме до победа“

    risteBy riste10/11/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија ја очекува тежок натпревар со Ерменија, а нашиот репрезентативец Енис Барди очекува да одиграат како тим, затоа што тоа е единствениот начин да се дојде до победа која ќе ги задржи шансите на нашата репрезентација за второто место во групата од овие квалификации за Светското првенство во Катар следната година.

    „Наша задача е да бидеме концентрирани на нашата игра. Деталите решаваат на секој меч во овие квалификации, но најважно за нас е да знаеме што бараме од овој дуел. Мора да одиграме како тим за да стигнеме до посакуваната цел. Можеби по Европското првенство очекувањата се поголеми, но мое мислење е дека треба да одиме од натпревар во натпревар. Имаме нов селектор, нов начин на работа и доста нови играчи. Не мислам дека досега одигравме лошо, еден или два натпревари не ја даваат вистинската слика за квалитетите. Во селекцијата има неколку нови играчи и секако дека на сите ни треба малку време за да се воиграме. Фудбалот не е математика или нешто слично. Најважно е сите да го дадеме максимумот, тоа е клучот. Утре треба да влеземе мотивирани за победа и сите заедно да бидеме целина која што тешко ќе може да се пробие“, истакна Барди.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.