Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барди: „Игравме како тим, победивме и ќе се бориме за второто место“
    Фудбал

    Барди: „Игравме како тим, победивме и ќе се бориме за второто место“

    risteBy riste11/11/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонските фудбалски репрезентативци по убедливата победа над Ерменија во Ереван со 5:0, можат да бидат презадоволни од игртаа и резултатот, но секако Енис Барди има повод посебно да биде среќен по оваа средба. На прес-конференцијата зборуваше и стрелецот на хет-трикот Енис Барди кој скромно само кажа дека му е драго што ја носел капитенската лента и постигнал три гола.

    „Благодарен сум што дојдовме до ваква победа. Сметам дека сите претходни дуели беа како победи, бидејќи одигравме многу добро. Мотивацијата за капитенската лента не беше пресудна, за мене сите сме капитени и одговорни во репрезентацијата. Горд сум што сум дел од овој тим и што ја добив лентата. Пред мене беше еден Горан Пандев, научив доста од него. Сега дај Боже да продолжиме понатаму.

    Денес игравме како тим. Имавме дел од натпревареварот кога бевме во пад, Ерменија играше дома. Среќни сме за овој натпревар, но нашата концентрација е веднаш насочена кон Исланд. Не знам како ќе заврши дуелот меѓу Романија и Исланд, никогаш не треба да се предаваме. Ќе играме до крај за тоа второ место, јас сметам дека навистина го заслуживме. 

    Долго работиме со Милевски, знаеме што бара и каков карактер има. По оваа победа сме полабави, сакаме да продолжиме вака. Неговата работа ќе се докаже сама. Ние многу добро го познаваме, а верувам дека ќе го направиме победничкиот менталитет. Среќен сум за хет-трикот, но многу поважен беше резултатот“, изјави Барди.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.