Македонските фудбалски репрезентативци по убедливата победа над Ерменија во Ереван со 5:0, можат да бидат презадоволни од игртаа и резултатот, но секако Енис Барди има повод посебно да биде среќен по оваа средба. На прес-конференцијата зборуваше и стрелецот на хет-трикот Енис Барди кој скромно само кажа дека му е драго што ја носел капитенската лента и постигнал три гола.
„Благодарен сум што дојдовме до ваква победа. Сметам дека сите претходни дуели беа како победи, бидејќи одигравме многу добро. Мотивацијата за капитенската лента не беше пресудна, за мене сите сме капитени и одговорни во репрезентацијата. Горд сум што сум дел од овој тим и што ја добив лентата. Пред мене беше еден Горан Пандев, научив доста од него. Сега дај Боже да продолжиме понатаму.
Денес игравме како тим. Имавме дел од натпревареварот кога бевме во пад, Ерменија играше дома. Среќни сме за овој натпревар, но нашата концентрација е веднаш насочена кон Исланд. Не знам како ќе заврши дуелот меѓу Романија и Исланд, никогаш не треба да се предаваме. Ќе играме до крај за тоа второ место, јас сметам дека навистина го заслуживме.
Долго работиме со Милевски, знаеме што бара и каков карактер има. По оваа победа сме полабави, сакаме да продолжиме вака. Неговата работа ќе се докаже сама. Ние многу добро го познаваме, а верувам дека ќе го направиме победничкиот менталитет. Среќен сум за хет-трикот, но многу поважен беше резултатот“, изјави Барди.

