Македонскиот ракометен шампион Вардар не успеа да ја прекине серијата на порази во Лигата на шампионите. Вардар загуби на гости кај ПИК Сегед со 34:31, во натпревар во кој поголемиот дел од мечот беше во егал, но грешките во нападот и изгубените топки го чинеа многу.
Вардар му даде силе отпор на ПИК Сегед кој беше фаворит на оваа средба, а во првиот дел имаше предност од 4 голови разлика, за Вардар во финишот да дојде до -2 и на одмор д асе замине со 17:15. На стартот на вториот дел Вардар успеа да израмни на 18:18, но ПИК Сегед повторно направи исчекор и дојде до предност од +4 (28:24_ што на крајот беше недостижна за Вардар кој се враќа од Унгарија со четврти пораз во серија во ЛШ.
Мартин Томовски кој го замени Борко Ристовски на голот во првото полувреме беше одличен , но тоа не го искористија ракометарите на Вардар за да дојдад до позитивен резултат на оваа средба. Сега Вардар го очекува нов натпревар со ПИК Сегед, но овој пат во Скопје пред домашната публика.

